Прима помош за инвалиди затоа што е зависен од хеви метал?!

Објавено на 25 декември, 2012 во 22:25

Еден 42 годишен Швеѓанец секој месец ќе прима инвалидна помош од државата затоа што е прогласен за „зависник“ од хеви метал, пренесуваат шевдските медиуми.

 

Роџер Тулгрен не може да живее без хеви метал. Без престан го слуша неговиот жесток ритам, а годишно посетува повеќе од 300 концерти. Поради својата необична „зависност“ добил отказ на секое работно место кое до сега го поседувал.

Тулгрен до сега разговарал со три психијатри кои потврдиле дека кај него постои завсност од агресивен рок жанр.

„Повеќе од десет години се обидувам да се изборам за инвалиднина, т.е. мојата љубов кон хеви металот да се третира како пореметување. Разговарав со три психијатри и конечно успеав тоа да го докажам“, вели тој.

Покрај паричната помош, Тулгрен добил и работа како мијач на садови во еден ресторан, каде има скратено работно време. Неговиот претпоставен му дозволува да ја слуша неговата музика додека не пречи на другите работници, како и порано да си заминува од работа за да не ги пропуши концертите.

 

 

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.