Погледнете како холивудските ѕвезди го поминаа Божиќ

Објавено на 26 декември, 2012 во 14:00

Многу холивудски ѕвезди овој Божиќ го поминаа со своите семејства, а фотографиите ги поделија со своите фанови на социјалните мрежи. Кристина Агилера се сликала со синот во снегот, Мајли Сајрус во костим на леопард пред елката, Хју Хефнер и Кристал Харис опкружени со плишани играчки.

Кристина Агилера поставила на Твитер слика со својот син Макс во снегот, а позади нив се гледаат санки кои ги влечат коњи.

Основачот на Плејбој, Хју Хефнер и неговата вереница Кристал Харис позираа со плишани играчки и на сите им посакаа среќни празници од Плејбој вилата.

Мајли Сајрус се одлучила за Божиќ добро да се забавува, па се маскирала во леопард и со нејзината помала сестра ги отварала подароците под елката.

Пејачката од групата „Black Eyed Peas“, Ферги и нејзиниот спопруг Џош посакаа да бидат оргинални и духовити па направиле божиќна честитка како смешна фотомонтажа на ретро честитка на која ги монтираа само своите глави.

Ѕвездата на серијата „Како ја запознав вашата мајка“ Нил Патрик Харис откри дека целиот ден го поминал подготвувајќи свечена трпеза и подароци за своите блиски, за да потврди дека неговиот син повеќе го интересира обична метла од подарок.

Стилистката и дизајнерка Рејчел Зое не е многу голем љубител на зимските температури, затоа таа своите фанови ги поздрави од топол остров.

Глумицата Оливија Мун ја покажа својата џиновска божиќна честитка во која се содржани сите убави желби за наредната година.

Ешли Тисдејл постираше фотографија од прав зимски амбиент со топло чоколадо и волнена капа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.