Патувајте до Марс!
Сонувате да одите на некој далечен свет, но мислите дека никогаш нема да добиете таква шанса?
Непрофитабилната организација “Mars One” од Холандија, ви нуди животна шанса.
Оваа организација сака до 2023-тата година да ја насели планетата Марс со луѓе и бара астронаути доброволци. Нема никаков сомнеж, може да се пријави секој човек во светов. Сепак нема сите да отпатуваат бидејќи тоа не е работа за секој.
“Mars One” вчера го објави формуларот за пријавување, кој може да го пополни секој заинтересиран. Помеѓу способностите кои се бараат, астронаутите мора да поседуваат хумор, способност за верување, желба за спорт и уште многу други. Мора да бидат отпорни, прилагодливи, креативни и снаодливи.
Сите кандидати мора да бидат полнолетни, а процесот на избор ќе започне во првата половина од оваа година. Се претпоставува дека ќе бидат избрани 6 тимови со по 4 членови. Сите тимови мора да бидат спремни за тргнување во 2022-та година. Тимот кој прв ќе стапне на Марс ќе биде избран на демократски начин.
На ова патување ќе претходи 8-годишен тренинг, како што се симулирани мисии, вежби за ограничено движење, поправање на опрема и основни медицински познавања. “Mars one” планира веќе во 2016-тата година на Марс да ги испрати сите потребни намирници.
За крај само една напомена – се работи за еднонасочна карта во непознато. Враќање нема.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=n4tgkyUBkbY{/youtube}
