Трансформација од ќерка во мајка!
Сигурно имате неколку навики кои сте ги наследиле од вашата мајка.
Ова се десетте најчести и сигурно во барем неколку ќе се препознаете.
1. Ја ставате вашата долна маица во фармерките, за да си го олесните процесот на закопчување.
2. Им кажувате на вашите пријатели дека треба да облечат подебела јакна или да стават подебел шал, бидејќи надвор е премногу ладно.
3. Забележувате дека некој ваш пријател изгубил неколку килограми и веднаш започнувате со совети за начинот на исхрана, а не размислувате за можноста дека тој сакал да изгуби некој килограм.
4. Заспивате околу 22 часот или уште порано, а кога некој ќе ве викне на пијачка тоа време, вие имате изговор дека е доцна.
5. Ги мешате имињата на ѕвездите и славните личности, исто како што и вашата мајка правеше додека ја гледавте омилената серија.
6. Не можете да се прилагодите на новите модни трендови и посигурно ви е да се задржите до едноставните фармерки и маички.
7. Мислите дека домашно направената торта е подобар подарок од шише пенливо вино.
8. Влегувате во собата и инстантно заборавате зошто и како се најдовте таму.
9. Социјалните мрежи некако ви немаат смисла.
10. Прекумерно се грижите за сè што им се случува на вашите пријатели и станувате премногу заштитнички настроени.
