Нова апликација им помага на припадниците на посилниот пол да изберат адекватен кондом!

Објавено на 27 јануари, 2013 во 20:51

Дигиталната замена за линијар се појавила минатата недела на iTunes, а нејзината цел е да им помогне на припадниците на посилниот пол да пронајдат адекватен кондом на својата основна големина на половиот орган.

Најновата апликација се нарекува „Condom Size“ и е достапна за превземање само за лица над 17 години.

„Оваа апликација ја едуцира машката популација за правилното користење на кондомите и им помага да ја определат најпогодната големина за себе“, стои во описот на апликацијата.

Дадено е и детално упатство како правилно да ја измерите својата големина, како и препораки во кои продавници можете да најдете кондоми адекватни на својата големина. Со тоа дадени се и забавни факти за презервативите, како и совети за нивна правилна употреба и користење.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.