Трогателно видео: Храброто маче Харви, родено без коски во нозете, оди на операција благодарение на донации!

Објавено на 27 јануари, 2013 во 21:14

Малото маче Харви кое е родено со пореметување познато како радијална агенеза, односно без коски во предните нозе кои ги поврзуваат шепите со горните делови на нозете, но не благодарение на природата туку на сопственикот кој сметал дека е занимливо да одгледува и размножува мачки со вавка болест, за подоцна да ги продава.

Поради недостаток на коски во предните нозе, Харви е принуден да оди на лактовите. Одкако е спасен и вдомен, Харви благодарение на снимките на интернет со кои допре до срцата на љубителите на животните ширум светот собрана е донација за операција која ќе му помогне повторно нормално да оди.

И покрај својата деформација, Харви е весел, брз и разигран како сите мачиња. Иако тој изгледакако да не му недостига ништо, положбата во која тој за има постои можност да му оштети и други делови од телото, па затоа Друштвото за заштита на мачките, покрена акција за собирање на помош.

Донациите ги надминаа сите очекувања. Љубителите на мачки и луѓето со меко срце донирале повеќе од 4000 евра. Тоа ќе му помогне на Харви кога ќе наполни шест месеци и кога коските ќе му достигнат максимална должина, во предните нозе ќе му се вградат метални импланити кои ќе ги поврзат шепите со лактите.

Поради тоа што предните нозе му се деформирани и прекратки да го допре подот, мачето со радијална агенеза често седи само на задните нозе, како кенгур или верверичка.

Ладнокрвниот одгледувач од Тексас, најверојатно мислел дека ќе заработи многу пари, без притоа да размисли колку ќе му биде тежок животот на едно вакво маче.

Видео: Мачето Харви во меѓувреме научило да оди и да си игра на своите лакти.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=c6J5LAIxO3g|308|200|0{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.