Во Истанбул може да се пресадат мустаќи!

Објавено на 30 јануари, 2013 во 09:30

Истанбул привлекува милиони туристи секоја година, но сите не доаѓаат само за да се воодушевуваат на историските споменици и атмосферата на некогашната престолнина на Османлиската империја.

Од неодамна градот стана познат и како место каде мажите можат да си пресадат мустаќи.

 

Мустаците, како белег на мажественоста и неоспорен авторитет, се многу популарни во Турција и Азија и затоа мажите, посебно голобрадите, доаѓаат во Истанбул за да го решат овој проблем кај специјализирани естетски хирурзи.

– Кај нас доаѓаат многу мажи, кои сакаат да пресадат мустаци, бидејќи имаат желба да изгледаат посериозни и помажествени, изјави доктор Селахатин Тулунеи, кој веќе три години се занимава со вакви операции.

Во Истанбул има околу 250 клиники и приватни ординации кои извршуваат пресадување на бради и мустаци. Голем број од нив соработуваат со туристичките агенции, кои нудат поволни аранжмани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.