Љубов која трае пола век!

Објавено на 14 февруари, 2013 во 18:48

Муреј наполнил 86 години. Вели дека својата сопруга Естер Редлиц ја сака од ден на ден се повеќе, иако во брак се 66 години. Муреј и неговата посебна дама се еден од 300 парови кои присуствуваа на големото славење за љубовта во Бруклин.

Парот на сликата, Фортуно и Магдалена, ја започнал љубовта по Втората светска војна, кога ги барале изгубените семејства во Полска.

Во моментот кога немале никој и кога им било најтешко, се нашле еден со друг, си дале поддршка и љубов.

На традиционалната забава која се организира 11 година, присуствуваа само одбрани парови кои славеа повеќе од 50 години во брак.

Пар со најмногу години поминати во брак се Фортуно и Магдалена Корс, се венчале пред 72 години додека биле тинејџери.

На прославата биле и Давид Шамарков и Гаина кои славеа 58 години во брак.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.