Зошто се појавуваат гасови кога јадеме гравче?

Објавено на 19 февруари, 2013 во 13:28

Појавата на гасови во медицинската литература е позната како метеоризам, односно надуеност на мевот.

Една од основните состојки на гравот се белките, односно протеините. Откако ќе навлезат прво во желудникот, а потоа и во 12-палачното црево, под дејство на некои ферменти кои се лачат од страна на панкреасот,  овие протеини се разложуваат до аминокиселини, односно токму до тоа што му е потребно на човечкиот организам.

Во дебелото црево живеат голем број бактерии кои го разложуваат се она што не е претходно разложено. Како крајни продукти на тоа разложување се различни видови на гасови, меѓу кои e и водородниот сулфид (H2S) кој се карактеризира со непријатна миризба. Значи, за да нема надуеност на мевот, потребно е сите протеини да се разложат во 12-палачното црево.

Но, како што веќе спомнавме, гравот содржи инхибитори на протеазата кои го оневозможуваат целосното разложување на протеините. Значи, потребно е нешто што ќе го намали нивното дејство.

Научниците во Мексико (земја позната по производството и конзумирањето на грав) уште одамна започнале да се занимаваат со овој проблем и извршиле серија на испитувања со кои било утврдено дека дејството на овие инхибитори се намалува во базна средина и при висока температура.

Токму тука лежи одговорот на прашањето – ЗОШТО Е ПОЖЕЛНО ДА СЕ КИСНЕ ГРАВОТ ВО ВОДА ВО КОЈА Е ДОДАДЕНА СОДА (натриум бикарбонат)?. Одговорот е дека таа го намалува, но внимавајте – не го спречува дејството на инхибиторите. Затоа, ако  пред да се вари гравот е добро искиснат во вода во која е додадена и сода бикарбона, тогаш и надуеноста на мевот ќе биде помала, и следствено – ќе се намали и појавата на гасови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.