(ВИДЕО) Како ќе изгледа јапонскиот „Паметен град на иднината“ за 2.000 жители ?
10.04.2021
Возила без возачи, вештачка интелигенција, роботи! Вака изгледа изгледа јапонскиот „Паметен град на иднината“. Почетокот на населбата ќе стане жива лабораторија за тестирање на примена на нови технологии, како што се автомобили што управуваат самостојно и роботи.
Главните извори на електрична енергија ќе бидат водородни горивни ќелии и соларни панели, а во градот ќе има три типа улици: за пешаци; за велосипеди, скутери; и трето за возила што управуваат самостојно.
Автономните возила со електричен шатл ќе бидат задолжени за испорака.
Градот ќе биде целосно фокусиран на намалување на „јаглеродниот отпечаток“, така што главниот градежен материјал за куќите ќе биде дрво.
Здравјето на жителите во куќите ќе го следи вештачка интелигенција, додека разни роботи ќе им помагаат на луѓето во извршување на секојдневните задачи.
Изградбата на градот на иднината е започнат. Локацијата е на место на поранешна фабрика на „Тојота“, во близина на Токио. Изградбата ќе трае пет години.
Потоа, таму ќе се населат првите 360 станари: стари лица, семејства, експерти и иноватори. Кога ќе биде изграден “Паметниот град на иднината“ во него ќе живеат 2.000 жители