Неколку модни тајни на французинките со коишто изгледаат убаво и со многу облека

Објавено на 23 ноември, 2022 во 12:32

Носат капут со поголем број,  не се откажуваат од белите панталони и во зима, а ги комбинираат со топли парчиња, ролката им е задолжително парче во стајлингот – модни трикови и правила со кои се служат Французинките за да изгледаат стилски и кога е ладно.

Французинките важат за вистински дами, кои секогаш изгледаат стилски, без притоа да следат краткотрајни модни трендови.

Тие секогаш знаат колку е доволно, како да ги искомбинираат парчињата и додатоците и да внесат доволна доза на гламур во изгледот, без да претераат.

Дури и кога надвор е ладно и кога имаат куп облека на нив, тие успеваат да зрачат со елеганција и стил, а да не изгледаат како завиткани во ќебе или како по шаблон со сите други жени.

Носат капут во неутрална боја и со еден број поголема димензија

Сакаат „oversized“ капути и јакни, па немаат проблем да се послужат од машкиот оддел на облека

Чанта во силна боја, добар шал и шапка се задолжителни за разбивање на монотониот и неутрален стајлинг

Плетените ракавици никогаш нема да го заземат на елегантните ракавици од квалитетни материјали

Немаат проблем зимскиот аутфит да го комбинираат со впечатлива свилена марама околу врат, дури и над шалот од кашмир или волна

Обожаваат високи ролки во една боја кои го покриваат цел врат и некогаш го заменува и шалот

Практикуваат слоевито облекување со блуза со ниска ролка, сако или џемпер и капут за деновите кога надвор е ладно, но не и во канцеларија/кафуле.

Не се откажуваат од бели фармерки и во зима и ги комбинираат така што изгледаат подобро отколку во лето

Не практикуваат да носат едно парче само неколкупати – парчето треба да остави впечаток дека е ваш личен печат во разни комбинации.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.