Apple доминира на листата на 10 најпродавани мобилни телефони
Apple доминираше на листата на 10 најпродавани мобилни телефони во 2021 година во светот. Од десетте седум телефони се Ајфон.
Компанијата за истражување на пазарот Counterpoint дојде до податоци дека 10-те најпродавани телефони во 2021 година сочинуваат 19% од вкупната продажба на паметни телефони таа година. Додека во 2020 година, 10-те најпродавани телефони учествуваа со 16% од вкупната продажба.
Врз основа на податоците, Conterpoint заклучи дека во текот на изминатата година водечките компании се фокусирале на продажни модели што резултирале со скок во продажбата.
Apple има обезбедено седум места на оваа листа, што е најмногу досега. Xaomi зазеде две места, а Самсунг едно.
Во 2021 година, на пазарот имаше вкупно 4.200 модели на паметни телефони. Најпродаван модел беше Ајфон 12, а потоа следеа Ајфон 12 Про макс , Ајфон 13, Ајфон 12 Про , Ајфон 11. Првите три модели на листата учествуваа со 41% од вкупната продажба на Епл. Галакси A12 се најде на шестото место на оваа листа.