Apple подготвува огромен дисплеј, со 7K резолуција
Објавено на 10 март, 2022 во 12:48
Apple работи на професионален дисплеј од следната генерација, а најновите извештаи сугерираат дека компанијата ќе претстави панел со резолуција од 7K.
Новиот Apple Studio Display, наводно, ќе го замени сегашниот Pro Display XDR или ќе биде додаден на постојното семејство на екрани на компанијата. Тековниот Apple Pro Display XDR има 32-инчен 6K панел, со 218 PPI.
Споменатиот Apple Studio Display би требало да има и прилагоден чипсет, со кодно име „J327“, а се наведува дека се работи за вграден Apple A13 чип.
9to5Mac истакнува дека нивните извори тврдат дека Apple Studio Display и J327 се истиот модел, што значи дека Епл се уште работи на надворешен дисплеј со Apple Silicon чип.