Дали ова беше најубавиот фустан на Оскарите: Погледнете како блескаше Дакота Џонсон

Објавено на 1 април, 2022 во 10:26

Недофатлив, грандиозен, гламурозен, фабулозен, сензационален… сите овие се синонимите за фустанот во кој беше облечена Дакота Џонсон на доделувањето на Оскарите.

За некои тој е божествен, додека другите ќе превртат со очите, но едно е сигурно – фустанот на Дакота Џонсон беше забележан од сите на забавата по повод доделувањето на Оскарите.

Грандиозните пердуви кои блескаа околу прекрасната Дакота, модните експерти ги опишаа како исклучително скапи од опасно ретка птица, а фустанот е дело на модната куќа Гучи.

Нежно розевата нијанса совршено се вклопи со нејзиниот аристократски тен, додека длабокото деколте дискретно го нагласи нејзиниот сексипил.

Свесна дека блеска, Дакота самоуверено позираше пред фоторепортерите, воодушевувајќи ги сите со својот ексцентричен фустан.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.