Дали сакате да носите здолниште и во зима? Еве неколку интересни идеи за неодолив изглед
Заедно со удобните широки панталони, фармерки или трендовски плетени фустани, многу љубители на модата сакаат да носат здолништа дури и во постудените месеци.
Есенско-зимска „класика“ без сомнение се фармерките или удобните панталони со широки ногавици, бидејќи не е тешко да ги комбинирате со ватирани јакни, кожени јакни со крзнени детали или палта.
Сепак, многу љубители на модата сакаат да носат здолништа во постудените месеци, а ако сте и вие една од нив, ви нудиме неколку корисни идеи.
Иако на прв поглед може да се помисли дека должината на здолништето е најважна при изборот, тоа не е сосема точно. Ткаенините од кои се направени здолништата се всушност најважни бидејќи волната и кашмирот многу подобро ве загреваат од лесната памучна ткаенина.
Така, без разлика дали се работи за макси, миди или мини верзија – сите можете да ги носите во зима соодветно искомбинирани со подебели хулахопки. Дури и вашето омилено летно здолниште со, на пример, дебел плетен џемпер може да помине како дел од интересен зимски изглед. Ако сакате да бидете безбедни кога станува збор за студот, слободно носете, на пример, термални хулахопки под макси и миди здолништа.
Одлично изгледаат и шик комбинации на предимензионирани јакни и здолништа, а за да го направите изгледот поинтересен, зачинете ја комбинацијата со буци чизми или патики.
Високите чизми се апсолутно добредојдени, како и тренди борбените варијанти, а што се однесува до палтата или јакните, изберете модели кои достигнуваат до средината на бутот или до глуждот – зошто да не?
Не заборавајте, без разлика на трендовите, секогаш да избирате стилови во кои се чувствувате добро и, секако, оние во кои нема да замрзнете.
Како предлог од нас:
Плисирано здолниште со високи чизми и дебел капут
Мини здолниште со плетен џемпер и високи чизми
Елегантно макси здолниште со кошула искомбинирано со црни чизми и чанта со ремен
Здолниште со ролка убав ремен и дебела јакна до глуждеви
Тексас здолниште со планинарски чизми искомбинирано со џемпер и јакна
Дума.мк