Дневен хороскоп за 12. октомври
Овен
Денес можеби не сте најдобро расположени за дружење и метеж, но мора да се подготвите за непоканетите гости, а некои од нив пристигнуваат од далеку. Вашата летаргија може брзо да исчезне кога ве окупира добрата енергија на вашите пријатели кои не ве заборавиле. Не избегнувајте контакти.
Бик
Сплетот на околности ве носи до место каде што вашата промислена природа доаѓа до целосен израз. Имате можност со краток совет да решите голем хаос, но не сте сигурни дали треба да се вмешате. Верувајте повеќе во себе, нема потреба толку многу да анализирате. Ве очекуваат трошоци на кои не сте сметале.
Близнаци
Преземете акција и искористете ја својата вродена дипломатија. Само вие можете да го решите заплетот којшто одеднаш се создаде во вашата работна средина. Бидете одлучни бидејќи тоа е единствениот начин да ги постигнете вашите цели, а тие во овој момент не се мали.
Рак
Мислата да се биде пред другите ја одразува вашата потреба за доминација или потребата да бидете заведени со нови деловни правила. Непријатноста што ве чека е логична секвенца на настани и реакција на вашето однесување. Нема причина да ги прецените вашите потреби во средбата со саканата личност.
Девица
Денот не е поволен за започнување нови бизниси бидејќи следуваат неочекувани потреси и изненадувања, предупредуваат ѕвездите. Не вклучувајте се ниту во дискусии и дебати, бидејќи тие може да се претворат во жестока расправија од која може да го извлечете подебелиот крај. Мирот побарајте го со добар филм или книга.
Вага
Чекате промени кои ви се сѐ поблиску. И како што обично се случува, минутите ви стануваат како години. Нетрпението сериозно ве вознемирува, неопходно е да пронајдете начин да се релаксирате. На пример, поминете го попладнето со саканата личност или со близок пријател. Добро ќе ви дојде.
Скорпија
Напнати сте од мешањето на еден член на семејството во вашите одлуки. Објаснувајќи ги своите одлични идеи, амбициозно започнувате разговор кој, потоа, завршува катастрофално. Вашите вербални вештини денес не се на завидно ниво, затоа повлечете се. Тоа не е добро бидејќи ве фрустрира.
Стрелец
Ако ви се пристори дека некои колеги ве кочат, не плашете се. Вие несвесно веќе сте ги победиле. Патот кон успехот ви е отворен. Отворете ги мислите за новитети. Во љубовта повеќе следете ги емоциите и помалку ветувајте. Логиката и практичноста нема да ви донесе среќа на ова поле.
Јарец
Денес нема да можете да најдете простор и време за одмор, особено што ова е одличен ден за сѐ што е поврзано со деловниот сегмент. Не жалете, ќе бидете целосно задоволни кога ќе заврши работниот ден. Станува сѐ понапнато во емотивниот сегмент. Во љубовта важна ќе биде вашата трпеливост.
Водолија
Оваа недела ќе биде многу напорна за вас. Но, во текот на денешниот ден ќе можете да ги исправите пропустите, дури ќе можете и да го средите донекаде односот со надредената личност. Верувате дека можеби дури имате решение и за една нерешена ситуација со саканата личност.
Риби
Денес би било добро да работите, бидејќи имате доволно енергија и ентузијазам за да можете да го завршите она што не сте го планирале. Од друга страна, би било штета да пропуштите ваков ден, кој е феноменален за вашите емотивни односи. Можеби е подобро малку да се „фрлите“ на љубов…