Дневен хороскоп за 30. јули
Овен
Напорите од минатиот месец денес ќе вродат со плод. Ќе имате причини за славење и ќе се чувствувате посреќно од кога било. На работа малку сте отсутни со умот и бавно ќе ги извршувате обврските. Со партнерот врската ќе ви биде пострасна од кога било. Сѐ на сѐ, ве очекува еден прекрасен период.
Бик
Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба. Некоја порака од поранешен близок пријател ќе ви донесе голема среќа. Долго време се обидувате да разјасните една мистерија во врската.
Близнаци
Ве очекува подобрување на финансиската состојба. Пред вас е позитивен ден и кога е во прашање работата. Имате потреба да ја завршите врската која извесно време се развлекува. Сте виделе и самите дека таа приказна не води никаде. Нема да го правите она што другите го очекуваат, туку она што вие го сакате.
Рак
На моменти се чувствувате презаситено од работните обврски, но тоа не значи дека треба да кренете раце од сè. Тешко ќе ја одржите концентрацијата во работните обврски и разговорите ќе ве понесуваат. Ќе мора да поставите приоритети. На љубовно поле фокусирајте се на реалноста. Живеете во облаци.
Лав
Кога најмалку очекувате, ќе се вљубите, и тоа на прв поглед. Ќе почувствувате толку силни чувства уште на самиот старт. Овој пат потрудете се да не ги правите истите грешки како во минатата врска. Можно е да бидете на почетокот ноншалантни во љубовта и да не ја ставате во преден план.
Девица
Вашиот љубовен живот и денес добро ќе се развива, а партнерот ќе ви даде повод да бидете цело време покрај него, што во изминатиот период тоа не се случувало. Ќе станете поблиски од кога и да е. Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте. Имате низа прашања на кои чекате одговор.
Вага
На професионално поле мора да прифатите некои ограничувања, не може да ги преминете сите. Ако сте во врска, поминете квалитетно време во разговори со партнерот. Па што ако си правите планови за неизвесната иднина? Во љубовта ќе ве понесат емоциите, ќе сонувате наголемо, но некои соништа и ќе ви се остварат.
Скорпија
Размислувате да започнете некој нов проект. Имате толку многу идеи, но ви недостасува мотивација и поттик, поради што сѐ уште не можете да ги реализирате. Побарајте помош од соработник. Потребно е време и трпеливост. Можеби ќе бидете придружени со поголема доза на осаменост и желба за нова љубов.
Стрелец
Денес сѐ ќе биде под ваша контрола, ќе уживате во работата и ќе бидете мошне фокусирани. Вашата мудрост ќе ви помогне да донесете важни одлуки. Она што сте го инвестирале во минатото, конечно ќе ви донесе добра финансиска заработувачка. Ќе добиете и некое признание што одамна сте го посакувале.
Јарец
Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Ве очекува важен состанок на кој на некој начин ќе се одлучува околу вашата иднина. Можно е да ви се допаѓа некоја личност од работата. Ќе се обидете ѝ ставите до знаење дека ве привлекува.
Водолија
Денес ќе биде особено енергичен ден за вас. Ќе бидете полни со самодоверба да ги претставите вашите идеи пред вашите колеги и соработници. Ако имате некој спор околу делење имот помеѓу вашите роднини, ќе биде решен во најбрз можен рок. Тука ќе ви прискокне напомош личност за која не сте ни сонувале дека ќе ви помогне.
Риби
Конечно се впуштате во некаква акција и ќе мрднете од место. Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Во моментот имате само една желба. Сакате да ја пронајдете личноста што е соодветна за вас и со која можете да изградите сериозна и стабилна врска.