Дневен хороскоп за 5. август
Овен
Смиреноста може да направи чуда во некои дискусии, па потпрете се на неа. Ќе бидете наградени со финансиско задоволство за трудот што го вложувате. На љубовно поле потребно ви е внимание и сакате да ви се восхитуваат. Ќе се препуштите на безгрижноста и ќе имате послободен пристап наместо сериозен.
Бик
Денес разумот ќе ве заштити од љубовна грешка. Ќе настојувате да дофрлате саркастични коментари, па внимавајте да не го повредите партнерот. На деловно поле, носите големи одлуки и решени сте да ставите крај на некои проблеми и прашања кои долго ве мачат, а се приоритетни.
Близнаци
Избегнувајте поголеми вложувања и ризични работи. Чувајте ги своите пари и довербата давајте им ја само на одбрани личности. Покажете ѝ на саканата личност дека сте подготвени вашиот однос да напредува. Можеби сакате заеднички живот.
Рак
Страста ќе биде присутна во текот на целиот ден. Обидете се да размислите и да се фокусирате на можностите за професионален развој, а не на она што не ви се допаѓа. Силната желба да биде само по ваше може да ви предизвика само проблеми – ќе се судрите со отпор и ништо чудно да си ја удирате главата во ѕидот.
Лав
Во љубовта чувствувате голема несигурност, потребна ви е самодоверба и верба во чувствата на партнерот. Не плашете се да му го кажете тоа на партнерот. На некои од вас ќе им легнат пари на сметка. Денес мислите ќе ви бидат преокупирани претежно со љубовните проблеми и со финансиските трансакции.
Девица
Потрудете се да не бидете брзоплети. Се чувствувате осамено и сакате нова љубов, но сѐ уште не се појавила личноста која ви одговара. Ако сте во врска, кај вас расте незадоволството од партнерот. Многу е посесивен и постојано е подготвен на расправии, дури и околу неважни нешта. Смиреноста ќе биде од големо значење.
Вага
Работната ситуација ви се одвива по план. Имате можност да го покажете талентот и умешноста. На повидок е значаен напредок. Може да очекувате поволен ден за почеток на нова врска. Можеби не можете да го промените она што го работите, но дефинитивно можете да промените како го работите.
Скорпија
Ако постапувате правилно, пред вас е ден исполнет со многу љубов и задоволства. Денес ќе ве привлекуваат необичните искуства, но добро размислете за какви последици ќе донесат истите. Потребно е да го промените и начинот на кој ги извршувате работните задачи и ги работите вашите проекти.
Стрелец
Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па дури и редовните напори на кои сте навикнати, ќе ви предизвикаат тешкотии. Доколку денес склопувате некој договор поврзан со работата, очекувајте дека ќе бидете задоволни на подолги патеки. Односот со партнерот во иднина може да напредува.
Јарец
Нервозата и напнатоста поради недоразбирањата во личните односи може да ги елиминирате со чиста есенција на љубов без зборови – со нежност. Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата, но нема да носите заклучоци. Совет: Не треба да жалите за она што поминало. Оставете го во минатото.
Водолија
Не е добар ден за љубов, со некој близок имате недоразбирања и кавги. Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно се работи за пренамена или некакви корекции. Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат.
Риби
Очекуваjте стабилност во која ќе бидете задоволни, иако сте биле многу скептични минатата недела. На професионално поле, нема да можете да ги реализирате вашите планови. Ќе имате многу нови компликации. Планирате многу нови работи во иднина. Освен планирањето, треба и реализирање на плановите.