Дневен хороскоп за 9. август

Објавено на 9 август, 2021 во 10:20
illustration of 12 colorful zodiac web buttons

Овен

Некој е на ваша страна, но тоа не е доволен услов да ги реализирате вашите планови. Дополнителната посветеност на обврските е добар начин за контрола на напнатоста. Некој ве иритира со своето однесување. Избегнувајте друштво кое не ви е по мерак или средба со личност која ја бие лош глас. Денес обидете се да го поминете денот во релаксација.

Бик

Ве чека позитивен исход, под услов да останете трезвени и концентрирани во одлучувачки ситуации. Ќе бидете изненадени. На љубовно поле суетата може да ве доведе до погрешен заклучок. Размислете зошто вашиот партнер изгледа емотивно или незаинтересирано за вашите идеи. Секогаш постои објаснување.

Близнаци

Изгледате самоуверено во секој поглед. За среќа, луѓето околу вас имаат доволно слух и ги поддржува вашите идеи. Треба да најдете ефикасно решение. Во средбата со вашиот партнер, покажете дека имате доволно разбирање. Некој заслужува бескрајна љубов, внимание и топлина многу повеќе отколку што мислите.

Рак

Ви се нуди добра можност во која можете да ги докажете своите професионални способности. За секој случај, побарајте нечие мислење пред да донесете конечна одлука. Вие сте загрижени за некои случувања што ја вознемируваат една ваша блиска личност. Вложувате многу напор да исполните нечии очекувања и можеби не ви е лесно, но вреди да се потрудите.

Лав

Не ви се допаѓа сознанието дека некому му е дозволено она што вам ви се скратува. Бидете разумни, нема причина да се лажете дека можете да го промените деловниот поредок. Непотребно сте оптеретени со проблеми што ве оддалечуваат од една драга личност. Насочете ги мислите во позитивна насока за да го промените вашето расположение на подобро. Само така ќе си олесните.

Девица

Вие функционирате според утврдена шема и не обрнувате внимание на луѓето околу вас. Некој ќе го коментира и критикува вашето однесување. Не бидете премногу строги кон вашата сакана личност затоа што и вие самите не сте доволно самокритични. Околностите не се идеални, но наскоро може да се променат. Покажете дека имате желба за компромис.

Вага

Поради различни идеи или интереси, ќе влезете во сериозна дискусија со постара личност. Секој има право на свое мислење или избор на приоритети,  а тоа треба да ви биде јасно. Ви се чини дека партнерот има различни интереси и не обрнува посебно внимание на вашите забелешки. Не трошете големи зборови за да ги објасните своите намери. Времето ќе покаже.

Скорпија

Одложувате важни обврски поради една личност, но услугата што ја правите ќе се покаже како лошо решение. Имате впечаток дека некој ви наметнува потешки критериуми за разлика од другите. Ќе се согласите на компромис само за да дојдете до некакво решение со блиска личност. Вашиот партнер има одлучувачка улога и ќе го има последниот збор, што не мора да биде лошо. Не бидете скептични.

Стрелец

Почнувате да губите трпение на професионално поле, но свесни сте дека се потешко се концентрирате затоа што се обидувате да вршите повеќе работи во исто време. Избегнувајте докажување, тоа не води никаде. Разговор со една личност ќе ве врати на некое подобро време или ќе поттикне емотивни спомени. Дозволете си работи кои ќе ви донесат поголема радост.

Јарец

Ќе имате понуда која ќе ви создаде грижи и двоумење. Сепак, на крај ќе излезе дека сте имале погрешна пресметка. Непотврдени информации создаваат лажен впечаток за многу можности. Избегнувајте нова дискусија и докажување на вистината во средбата со саканата личност. Не кријте се зад некои лажни ветувања. Проблемите нема да бидат решени сами по себе. Клучот е во вас, разговарајте.

Водолија

За да го сочувате вашиот мир, денес избегнувајте луѓе или ситуации кои ги надминуваат вашите граници. Нема потреба да ризикувате на кој било начин. Ако ви пречи нечие присуство или однесување, решете ги проблемите трезвено и без многу еуфорија. Важно е да воспоставите добра контрола над вашите емоции.

Риби

Сè ќе ви изгледа релативно добро сè додека некој не побара некоја услуга или влог од ваша страна. Не сакате да ве третираат како подреден и да ви диктираат како да се однесувате. Доколку сте во врска, вашиот партнер ќе прави работи за да ве задоволи. Одговорете искрено и на сличен начин.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.