Еко-кожата е задолжителен тренд за оваа есен
Оваа година е година на носталгично враќање кон трендовите кои ги обележаа доцните 90-ти на минатиот век, како и 2000-тите години, а ретро комбинациите несомнено ќе бидат присутни и оваа есен.
Есенските месеци се можеби едни од најкреативните кога станува збор за модно изразување, а вљубениците во модата и трендовите со нетрпение го очекуваат периодот кога ќе можат да си играат со слоевитата облека. Оваа есен тоа ќе можат да го постигнат со низа модни парчиња кои зрачат ретро енергија, вклучувајќи и парчиња облека од еко-кожа.
Иако најчесто се поистоветува со рок стилот и бунтовништвото, еко-кожните модни парчиња можат да изгледаат совршено елегантно и софистицирано доколу се носат на правиот начин, без разлика на тоа дали станува збор за дневни настани, формални случувања, работни состаноци или пак лежерно излегување со пријателите.
Од еко-кожни блејзери, одела со необични дезени и кроеви и екк-кожни пантолони, па сè до еко-кожни здолништа, фустани и еко-кожни топови, оваа есен очекувајте да ги гледате насекаде.
Еко-кожата е бесмртна класика која лесно се носи и прилагодува, па нејзиното враќање во тренд е сосема оправдано. Но доколку ви треба дополнителна мотивација да се охрабрите да внесете повеќе еко-кожа во вашата гардероба, разлистајте ја нашата галерија.