Хит оваа сезона, мали чантите во импресивна „bubblegum“ боја
Нијансата која не потсетува на гума за џвакање има посебно место оваа сезона. Овие бои совршено се вклопуваат во зимското сивило.
Модниот бренд Jacquemus, голем лидер во светот на трендовските модни додатоци, ја претстави својата чанта Le Bambino во нијанса на „bubblegum“ и со тоа го започна трендот.
Сега хит се супер розовите чанти, мали, но визуелно моќни. Ги носиме во разни комбинации, а најдобро ќе се истакнат кај комбинации на темна облека.
Зимата е време на темна облека, но затоа модните додатоци ја подигнуваат стилската приказна на повисоко ниво.
Оваа весела нијанса е одлична и како додаток на кремовата боја.
Доколку сте повеќе за црно и сиво, модните додатоци од романтични тонови ќе дадат нота на женственост.
За вечерно излегување, атрактивна чанта со аутфит со животински принт ќе изгледа одлично.