Ќерката на Моника Белучи заблеска на ревијата на „Долче & Габана“

Објавено на 28 септември, 2022 во 10:42

Откако чекореше на јавната сцена Дева Касел ја споредуваат со славната мајка Моника Белучи, иако нејзиното прво појавување не беше на ревијата на „Dolce & Gabana“ на модната недела во Милано.

Дева Касел шеташе во еден од најзабележителните модели од колекцијата за пролет-лето 2023 година на еден славен моден дизајнер. Тоа е црно неглиже со длабоки чорапи и накит кој ја поддржува долгогодишната инспирација на познатиот креатор. Некој ќе рече провокација, а некој слобода на изразување и креативност.

Оваа 17-годишна девојка сигурно ќе има успешна манекенска кариера, бидејќи генетиката завршила добра работа. Додека едни ја сметаат за копија на нејзината славна мајка, други сметаат дека е уште поубава.

Дева досега ги красела насловните страници на бројни модни списанија, како „Elle“, „Harper’s Bazaar“ и „Vogue“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.