Македонија не се пласираше во финалето на Евровизија
Објавено на 19 мај, 2021 во 09:52
Десет држави се пласираа во финалето на Евровија,но за жал Македонија не е меѓу нив.
Васил Гарванлиев, вчера на првата полуфинална вечер од 65 Евровизија, која се одржа во Холандија, настапи под редниот број шест со песната Here I Stand. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со атрактивна сценографија.
Во финалето во сабота ќе може да ги гледаме Норвешка, Израел, Русија, Азербеџајн, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.