НАСА изгуби контакт со летало што полета кон Месечината
Објавено на 7 јули, 2022 во 12:06
НАСА соопшти дека изгубила контакт со вселенско летало од 32,7 милиони долари, кое се упатило кон Месечината за да ја тестира орбитата на Месечината, но инженерите на агенцијата се надеваат дека можат да го решат проблемот.
Откако вчера успеа двапати да оствари контакт, вселенската агенција објави дека повеќе не може да комуницира со вселенското летало наречено Capstone.
Инженерите се обидуваат да ја откријат причината за прекинот на комуникацијата и се оптимисти дека можат да го поправат.
Леталото, кое беше лансирано од Нов Зеланд на 28 јуни, помина речиси една недела во орбитата на Земјата и успешно го започна своето патување до Месечината, кога контактот беше изгубен.