Научниците на НАСА ја открија најголемата комета досега
Објавено на 3 мај, 2022 во 13:12
Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА утврди дека леденото јадро на кометата има маса од околу 500 трилиони тони и дијаметар од 80 километри.
Нема причина за грижа, бидејќи научниците проценуваат дека ќе помине околу милијарда и пол километри од Сонцето, во 2031 година.
За прв пат беше забележан во 2010 година, но дури сега Хабл го потврди неговото постоење.
Џиновскиот вселенски патник е поголем од која било претходно откриена комета.
„Отсекогаш се сомневавме дека оваа комета е голема бидејќи беше многу светла дури и на големи растојанија“, вели Дејвид Џевит, професор по астрономија на Универзитетот во Калифорнија.
НАСА ја нарече кометата Бернардинели-Бернштајн затоа што за прв пат ја открија Педро Бернардинели и Гери Бернштајн.