Цртаните филмови ги прават децата поглупави !
Објавено: 17 април, 2014, во 09:23 часот
Животните кои носат облека и зборуваат како луѓе се штетни за развојот на децата,тврди група канадски научници.Истражувачи од Универзитетот од Торонто истакнуваат дека децата треба да читаат реалистични книги за светот и за природата.
Цртаните во кои животните имаат човечки особини,како што се Мики Маус или Вини Пу, се лоши за децата бидејќи ги наведуваат да мислат дека такви се и во реалноста.Тоа влијае на способноста на децата да ја согледуваат реалноста и да ја запознаат реалната природа на животните,истакна шефицата на истражувањето, психологот Патриша Гене.
За време на истражувањето канадските експерти го анализирале однесувањето и ги испитувале децата на возраст од две до пет години.Поголем број од децата мислеле дека животните можеле да зборуваат и да пеат како луѓето,одосно како нивните јунаци од ТВ екраните.
Гене истакнува дека родителите треба да им читаат книги кои се пореалистични со цел да им ја приближат природата на децата.


