Samsung Galaxy A8
Уредот се позиционира во средната класа, иако очекуваната висока цена ќе го стави во близина на флагманските модели на Корејците.
Сепак металната конструкција, дебелината од 5,9 мм (тоа го прави првак во портфолиото на компанијата) и додадениот сензор за отпечатоци како оној во „Galaxy S6“ јасно покажуваат дека „Samsung“ ќе ги насочи моделите кон навивачите на премиум „Smartphones“.
Во однос на карактеристиките нема изненадувања – „Galaxy A8“ нуди 5.7 „Full HD Super AMOLED“ дисплеј со намалена рамка, 64-bit осмојадрен чипсет „Snapdragon 615“, 2GB RAM, 16GB внатрешна меморија, microSD слот, 16МР основна и 5МР предна камера, 4G LTE можности и батерија со капацитет 3050mAh.
Оперативниот систем е „Android 5.1.1“, а тежината на смртфонот е едвај 151 грама. Во моментов „Samsung“ прифаќа пред-нарачки за моделот во Кина, а достапните бои на куќиштето се бела, црна и златна. Се уште нема информации за продажбата на други пазари, но претпоставуваме дека такви ќе има.