Samsung го претстави првиот телефон со Tizen

Објавено на 3 јуни, 2014 во 07:42

Јужнокорејскиот производител на мобилни телефони Samsung го претстави првиот телефон во светот кој ќе работи на Tizen оперативниот систем.

Ќе се продава најпрво  во Русија, а потоа и ширум светот. Со тоа  Samsung Z и официјално ќе стане првиот паметен телефон кој ќе работи на овој оперативен систем. Постои надеж дека  Tizen ќе стане конкурентен ОС и во иднина ќе може да го замени Android на Google, кој е платформа од која зависи успехот на сите Samsung телефони.

 

Tizen прво ќе стартува во Русија, но бидејќи се базира на HTML5 надежите се дека ќе биде поотворен за сите програмери кои ќе можат да развиваат повеќе-платформски апликации. HTML5 е исто основата на неодамна објавениот Mozilla Firefox OS, и може да се користи за апликации на Android и iOS, што значи дека има потенцијал Tizen да привлече значителен број на фанови и девелопери.

Samsung Z има моќни спецификации, како што доликува на уред од Samsung. Има 4,9-инчен HD Super AMOLED екран и 2,3 GHz процесор со четири јадра, 2 GB RAM, има 8 мегапиксели камера, односно 2,1 мегапиксели предна камера и сензор за отпечатоци на прсти кој го има само најновиот Galaxy S5.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License