Еве како треба да изгледа еден женски куфер
Кога се оди на летување, на жените најмногу им се забележува за тоа што носат премногу облека, а со тоа и премногу куфери.
1.Постави ред
Работите што сакате да ги носите селектирајте ги и поредете ги на кревет a потоа бројката преполовете ја половина. Звучи драстично, но верувајте дека едната половина и така нема да ја носите. Она што е важно е да имате комфорна облека, во која се чувствувате удобно и лесно.
2.Што и каде
Размислете за тоа што сè би правеле на одмор ( ќе играте тенис, ќе шетате само, ќе пливате, истражувате…), па во согласност со тоа одберете ги и најважните парчиња за тоа, од шапки до чевли.
3. Боја
Погледнете во облеката и одберете парчиња облека што имаат боја што може да се комбинира со повеќе нешта. На тој начин ќе бидете практични, а и значително ќе го намалите бројот на парчиња што првенствено ви биле во план.
4.Чевли на дно
На многумина им е тешко да ги спакуваат чевлите, бидејќи се со неправилна форма и останува многу празен простор. Затоа нив треба да ги спакувате први, на дното, а во празните простори ставете ги кесите со долна облека. Чевлите секогаш ставајте ги во аглите од торбата.
5.Диплење…
Здиплете и свиткајте го секое парче што тоа го дозволува. Но, секогаш од опачината. Марамите и летните шалови зафаќаат многу малку простор во торбата, а се мултифункционални за на одмор.
7.Фустани
Летото и плажата дозволуваат еден ист фустан да носите и преку ден и навечер. Во дневните комбиации носете го со апостолки, шапка и очила за сонце, додека за вечерните излегувања, комбинирајте го со сандали што се истакнуваат, накит.