Домашна маска за вашите раце
Сигурно сте слушнале дека колку водите грижа за себе најмногу зборуваат рацете видејќи тие се постојано изложени на погледот на околината. Треба да знаете дека многу честото миење на рацете негативно влијае на кожата за што морате да имате на ум дека ви е потребна постојано дневна нега.
Во зимскиот период нека ви биде навика три пати на ден да нанесувате хидратантен крем а можете и еднаш неделно да им подготвите домашна маска.
Еве рецепт како да ја подготвите. Потребни Ви се 100 мл масло од рицинус,100 мл маслиново масло и сок од еден лимон.
На послаба температура заедно стоплете ги маслиновото и рицинусовото масло а потоа додадете го сокот од лимонот и измешајте. Откако маската малку ќе се олади ставете ја во поширок сад и во смесата 15 минути потопете ги рацете кои истовремено ќе ги масирате. По ова измијте ги и исушете ги. Ќе бидете задоволни од ефектот.