Не го заборавајте тоникот!

Објавено на 10 јануари, 2013 во 10:54

Сте се запрашале ли некогаш за  што служи тоникот?

Овој производ многу жени го сметаат за не важен чекор во негата на кожата и често го прескокнуваат во секојдневните ритуали за убавина. Тоа е голема грешка!

Тоникот е задолжителен затоа што:

– Ја влажни кожата, ја омекнува и  го спречува сушењето, особено во зимските и топлите летни месеци, заради греењето и климатизација во затворените простори

– Го отсранува бигорот од водата кој останува после миењето и ја враќа природната киселост на кожата

– Ги отстранува остатоците од млекото за чистење на шминката

– Делува антибактериски и противинфламаторно на кожа склона кон иритации, воспалувања и алергии

– Претставува влажна подлога врз која се нанесува крема, серум и останати препарати за хидратација на кожата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.