Заведувај со „мачкасти очи“!

Објавено на 15 јануари, 2013 во 12:53

Тушот за очи е мала алатка која може да создаде вистинско ремек дело.

Тој може да ги трансформира очите, да ги издолжи и да направи да личат како очи на мачка…

 

Туш во различна боја

Употребете туш во една боја за горниот капак, а моливче во друга боја за долниот дел од окото. Секогаш одбирајте бои кои се надополнуваат една со друга. Ако ставаш сенка, таа нека биде во трета боја.

Двоен туш

Одберете две бои, но едната од нив нека биде црна. Најпрво нанесете ја црната боја на капакот, а веднаш над неа, по истата линија и втората боја.

Линија во внатрешниот дел на окото

Ако употребувате моливче во боја, линијата што ќе ја нацрташ на внатрешниот дел на окото делува преубаво. Но, не ставајте моливче на надворешниот дел на окото.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.