Тренди и оваа зима…
Добро е ако можете да ги следите сите модни трендови и од сè да имате по некое ново парче во гардеробата. Но, ако не можете да си го дозволите тоа, тогаш вложете малку повеќе во неколку клучни парчиња кои задолжително треба да ги имате и да ги комбинирате.
Кожни панталони
Не се препорачуваат за пополни девојки, бидејќи целосно ги следат и оцртуваат облините.
Широки џемпери
Се носат и оние кои се тесни и кратки, но широките џемпери кои прават да изгледате слободно и опуштено, се хитот на оваа зима.
Здолниште до колена со А-крој
Елегантни се и одлично се комбинираат со салонки, но и со рамни чизми.
Карирана кошула
Одлично парче гардероба, со оглед на тоа што може да се комбинира и со фармерки и со класични панталони или здолниште.
Црвени чевли
Женствени и секси, а мажите ги обожаваат.
Плетен шал и капа
Не само што ќе изгледате симпатично, туку и ќе бидете стоплени дури и кога е најстудено.