Уникатна тоалета за новогодишната ноќ

Објавено на 31 декември, 2018 во 10:04

crven fustan fin

Како што се наближува Новогодишната ноќ, сите размислуваме за тоа што ќе облечеме. Изборот на модел е ваш, а ние ви даваме предлог за бојата на тоалетата во која сигурно ќе заблескате.

Заборавете на краток црн фустан, иако таа е класика која не излегува од мода, ви предлагаме да земете предвид кратка (или долга) црвена тоалета.

Црвената боја е топла, софистицирана нијанса и вистинска боја која може да ве направи добро расположени за време на најлудата ноќ. Во сите нијанси на црвена боја, секогаш ќе изгледате богато и елегантно.

Црвена тоалета со должина до под, со долги ракави и цврсто поткрената коса, лежерна тоалета во стилот на 70-те и разбушавена коса или елегантна чипка во црвена боја и разбушавена пунџа…

Кој изглед и да го изберете, цвената тоалета ќе ве направи од вас ѕвезда на вечерта, каде и да сте.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.