Рецепти за симнување на влакната над усните

Објавено на 16 јануари, 2019 во 00:05

depiliranolice fin

Ако споредувате една жена со еден маж, сигурно ќе најдете значителни разлики, кои се однесуваат генерално кон двата пола.

Значително помалото тело и меките црти на лицето се вообичаени карактеристики за нежните дами. За жал, не се малку и заедничките работи.

Од козметичка гледна точка, најнепријатни се несаканите влакна околу горната усна. Сигурно ниедна жена не сака тие да постојат, а уште помалку да се забележуваат.

За среќа е можно отстранувањето и со некои не толку познати методи кои не само што се лесни за подготовка во домашни услови, но се и безболни.

Еве ги и нив.

Рецепт 1
Направете си паста од куркума и млеко. Нанесете внимателно над горната усна и измијте откако ќе се исуши.

Рецепт 2
Измешајте жолчки со пченкарно брашно и шеќер. Нанесете ја пастата со масажни движења и исплакнете по 30 минути.

Рецепт 3
Брашното измешано со вода и куркума е добра мешавина која треба да ја користите за да ги отстраните несаканите влакна на горната усна.

Рецепт 4
Направете си мелем од шеќер и сок од лимон. Нанесете врз горната усна и исплакнете после 15 минути.

Рецепт 5
Затоплете бадемово масло и ставете го на горната усна. На овој начин не само што ќе ја измазните кожата, но и ќе ја хидрирате.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.