Хит техника, во светот, за подмладување
Експертите забележале дека мажите кои инаку имаат лоши навики, изгледаат многу помладо од своите сопруги кои многу се грижат за тоа како изгледа нивната кожа и имаат поздрави навики.
Инспирирани од ова откритие, многу дами зеле брич за една употреба, го тргнале сечилото, го намачкале лицето со ароматични масла и започнале да се „бричат“.
По една недела заклучиле дека бричот ја врши истата функција како висококвалитетна масажа на долниот дел на лицето, место каде жената најмногу „се опушта“ него мажот.
Изгледа тоа воопшто не е до физиономијата, туку обичните дневни навики. Додека жените едноставно нанесуваат крема, мажите го масираат лицето секој ден и тоа со брич.
Како да ја изведете оваа масажа?
Купете брич за еднократна употреба, отстранете го сечилото или едноставно не тргајте го пластичниот капак.
Кожата намачкајте ја со масло, крема или некое етерично масло за масажа.
Потоа имитирајте ги покретите кои ги користат мажите кога се бричат.
Изведувајте кратки покрети надолу кон брадата, затегнете ја кожата на лицето, поместувајте ги усните, истегнете го вратот.
Масажата мора да трае приближно колку и бричењето: од три до пет минути секој ден.
По само една недела ќе ја видите разликата.