Против бели влакна на косата: Измешајте кафе и јогурт и нанесете го
Објавено на 14 август, 2020 во 16:06
Потребни состојки:
2 лажици нескафе
2 лажици кокосово масло
2 лажици балсам или јогурт
Најпрвин две лажици нескафе или инстант кафе во гранули истурете ги во соодветен сад.
Додадете две лажици кокосово масло и убаво измешајте сè додека не добиете хомогена смеса.
Додадете уште две лажици балсам за коса или обичен јогурт.
Кога се убаво ќе се соедини со четка премачкајте го израстокот или, уште подобро, целата коса.
Бојата треба да стои најмалку 45 минути, а потоа измијте се вообичаено со шампон и вода.
За да може косата да добие потемна нијанса, во смесата може да се додаде и варено црно кафе.