Супер освежителни: Почестете се со вкусен сок или коктел од лубеница

Објавено на 8 јули, 2022 во 10:09

За време на летниот период нема ништо поубаво од здрав и освежителен сок или коктел. Ви носиме два рецепти за пијалоци од лубеница кои лесно се подготвуваат и ќе ве освежат на топол летен ден.

Рецепт за сок од лубеница

Потребни состојки:
– 2 чаши исечена лубеница
– сок и кора од половина лимета
– 20 ливчиња босилек
– малку хималајска сол
– 4 чаши вода

Подготовка:
Наредете ги сите состојки на слоеви во стаклен сад, почнувајќи од лубеницата, а потоа додадете вода. Оставете да отстои во фрижидер 3 до 24 часа пред послужување. Откако ќе го изблендирате и процедите, овој фин напиток може да стои во фрижидер два дена.

Коктел од лубеница

Измешајте малку пенливо вино со сок од лубеница, малку лимета и свежи листови нане. Послужете во чаши за мартини и украсени со бобинки кои сте ги избоделе на чачкалки. Ако немате пенливо вино, додадете вотка или некој друг омилен алкохолен пијалок.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.