Витаминска бомба: Направете смути со авокадо и зелен чај
Објавено на 11 април, 2022 во 11:59
Секојдневните навики и нездравата исхрана можат негативно да влијаат на имунолошкиот систем, а тоа може да се поврзе со екстремен замор или дури и зголемени алергии во пролетната сезона.
Денеска за вас избравме рецепт од смути од авокадо од книгата The Allergy Solution, за кое се верува дека го балансира и зајакнува имунолошкиот систем.
Состојки:
150 гр. јагоди, свежи или замрзнати
1 средно авокадо, излупено
1 шолја сечкан спанаќ
½ чаши сечкана зелена салата (6 големи листови)
2 лажици чиа семе
1 шолја зелен чај (оставете ја кесичката 5 минути)
1 средна банана
Подготовка:
Ставете ги јагодите во блендер, а потоа додадете го зеленчукот. Додадете чиа семе, зелен чај и банана и мешајте додека смесата не стане хомогена.
На здравје!