Во Кина повлечени повеќе од 435.000 Tesla автомобили поради софтверска грешка
Објавено на 6 декември, 2022 во 11:50
Американскиот производител на електрични возила Tesla повлече 435.132 електрични автомобили од пазарот во Кина поради софтверска грешка поради која не се вклучуваа задните светла.
Кинеската државна управа за регулирање на пазарот соопшти дека грешката предизвикала задните светла да не се палат дури и по палењето на возилото, што може да претставува ризик од судар при ноќно возење.
Во соопштението се вели дека компанијата ќе ги повлече возилата и ќе го ажурира софтверот за да го исправи дефектот на 142.277 автомобили Model 3 произведени помеѓу 27 декември 2020 година и 7 ноември 2022 година и 292.855 автомобили Model Y произведени помеѓу 1 јануари 2021 година и 11 ноември 2022 година.