За неа велат дека е најдобро облечената жена во регионот
Хрватската пејачка Нина Бадриќ е позната по својот одличен вкус за облекување и моден стил кој никогаш не е ниту премалку ниту премногу.
Нина Бадриќ отсекогаш била храбра при модните избори, но во сите експерименти го задржала својот препознатлив женствен стил од кој не отстапува. Низ кариерата носела разни модни комбинации и секогаш во даден момент била трендсетерка.
На сцената важи за дама од стил која секогаш е беспрекорно облечена, а пејачката за лето и шетање по камените патеки одлучила да носи, долги, лежерни фустани во комбинација со шешир.
Како и нејзините колеги и таа летото го поминува работно, но се наоѓа и по некој момент да се помине покрај синото море.
Долгите фустани претставуваат идеална модна комбинација за жешките летни денови кои освен што изгледаат убаво и се пријатни за прошетка, изгледаат прекрасно на женското тело.
Нина блеска и одново го покажува својот дамски стил кој може да биде и тоа како сексапилен, атрактивен и забавен, а нејзините најнови модни комбинации се уште еден пример за тоа.
Нина носела и светлосин миди фустан кој ги открива рамениците и во предниот дел има впечатлива предимензионирана панделка.