Четири начини кои ќе ви помогнат да ги оставите цигарите
Сигурно многу од пушачите си го поставуваат прашањето, како да се откажат цигарите. Еве неколку совети кои треба да помогнат.
1. Совземеност
Оваа состојба најмогу ќе Ви помогне кога ќе одлучите да ги оставите цигарите. Лани, во една студија биле вклучени 88 луѓе кои дневно пушеле 20 цигари. Ги поделиле во две групи и оние што биле во првата тренирале да бидат совземени а вторите поминале низ долга програма против пушење. Првата група пушела многу помалку цигари од втората. Совземеноста значи дека сте свесни кога Ве фака криза, ја прифаќате и размислувате како најдобро да ја пребродите.
2. Подигање тегови
Џогирањето и велосипедизмот не се единствените вежби кои можат да Ви помогнат да го победите пушењето. Подигнувањето тегови исто така може да помогне. Посебно двочасовните серии кои траат две недели додека Вие поминувате низ третман за одвикнување од цигарите.
3. Овошје и зеленчук
Ако се одлучите да јадете повеќе овошје и зеленчук ќе успеете во одвикнувањето од цигарите. Наводно луѓето кои подолг период јадат повеќе овошје и зеленчук се помалку и помалку пушат. Ова се поврзува со водењето грижа за исхраната која му помага на комплетно здравиот начин на живеење.
4. Акупунктура и хипноза
Повеќе студии покажуваат дека акупунктурата и хипнозата се корисни при откажувањето од цигарите. Американски истражувачи објавиле дека на почетокот треба да пробате со лекови и советувања но, ако тоа не успее тогаш хипнозата и акупунктурата можат да бидат вистинскиот пат на борбата за одвикнување.