Традиционална Велигденска салата

Објавено: 19 април, 2014, во 08:41 часот

Салатата е атрактивна пред се поради колоритот што подсетува на шаренилото на Велигденските јајца.

За 4 лица потребни Ви се следниве производи:

1 главица свежа путер салатка

4-5 ситни ротквици

1 тврдо варено јајце

Прелив:

3 лажици масло

1 лажица лимонов сок или киселина

сол, на врв на ножот

 

Јајцето се вари, тврдо варено, и се остава да се олади.

Салатата се мие лист по лист под ладна вода, па се исцедува. Ротквиците се мијат и се сечат на танки кругчиња.

Во тањир за салата се редат листовоте од салатата и се додава преливот. Салатата се меша лесно и најгоре се декорира со ротквиците и јајцето исеченo на кругови.

Вака комбинирана салата со протеини може да се сервира и во остатокот од годината. За Велигденските празници, после периодот на постот оваа салата е традиционално присутна на трпезата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.