Житарици – најздрав избор за почеток на денот

Објавено: 11 февруари, 2015, во 10:29 часот

Познато е дека житариците се богати со растителни влакна, со железо, витамини, минерали, а сиромашни со масти, холестерол и шеќер.

Научниците заклучиле дека луѓето кои јадат житарици имат општо подобра исхрана, бидејќи пијат повеќе млеко, јадат помалку масна храна, помалку шеќер, леб и пијат помалку газирани сокови. Тие генерално имаат и помал ризик да заболат од разни болести, вклучувајќи ги тука и малигните заболувања.

 

истражување на научниците од „King’s College“ во Лондон покажало дека јадењето на житарици за појадок е добро и за мозокот. Имено, научниците утврделе дека јадењето на житарици двојно го намалува падот на менталните способности во текот на денот. Појадокот не само што е најважен оброк во денот, туку е многу важно и што се јаде а појадок.

Истражувањето го спровеле на група ученици кои за појадок јаделе житарици во период од 4 дена и ги споредиле нивните резултати со деца кои консумирале пијалоци на база на гликоза или воопшто не појадувале.

Кај децата кои јаделе житарки утврдено е дека падот на концентрација бил значително намален, било подобро памтењето и визуелната перцепција.Затоа се советува појадокот да содржи со низок гликемиски индекс како и житарки во облик на житни и пченкарни снегулки и слично, а да не се консумира бел леб кој има висок гликемиски индекс.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.