На денешен ден, пред 80 години, започна една од најмрачните фази од исторуијата на Европа

Објавено: 30 јануари, 2017, во 10:45 часот

За време на хиперинфлацијата на граѓаните им било поисплатливо да горат пари, наместо дрво.

На денешен ден, пред повеќе од 80 години, Адолф Хитлер е назначен за канцелар на Германија. Со доаѓањето на неговото управување настапува и крајот на Вајмарската Република како што се викала германската држава во периодот 1918/19 – 1933 година.

Пред обидот за наметнување на либералната демократија во Германија во 20-те години на ХХ век, федералната република, така предводена од својот оптимизиран Устав, преживува повеќе од 10 години во време на големи промени и внатрешни конфликти. Во почетокот нејзината политика може да биде класифицирана како демократска. Изгаснати се бројни обиди за соборување на државниот поредок со цел воведување на социјализам.

Во 1923 година Рурската област е окупирана од Франција. Кревката Вајмарска Република претрпува огромна финансиска, политичка и морална криза. Имало и неуспешни обиди за комунистички преврат .

Вајмарската република претрпува најлошата хиперинфлација, која се случила во поновата историја, токму во времето на тешката историска реалност на повоеното време.

Вредноста на германските марки паѓа од 4.2 за долар на 8.91 за долар на крајот на војната, а по неа исплата на репарации доведува до економски колапс и хиперинфлација .

Во тоа време нивото на инфлацијата изнесува 3 милиони и 250 илјади проценти месечно. Цените на стоките од прва потреба се зголемува двојно на секои два дена.

Валутата станува непотребна, освен на децата кои користеле големо количество на марки за игра. За време на хиперинфлацијата на луѓето им било поисплатливо да горат пари, наместо дрво.

До средината на 1923 година на работниците им се плаќа по три пати на ден. Жените ги посетувале благајните непосредно по секоја плата и трчале кон продавниците да разменат пари за храна.

Храна која се наоѓала била ретка , бидејќи повеќето продавници биле целосно празни. Сопствениците или не можеле да се снабдат со прехранбени производи, или немале профит од тоа.

Земјоделците од друга страна одбивале да носат од своето производство во градовите за бескорисни парчиња хартија. Императив било пресметувањето на трошоците и приходите во трилиони и милијарди што создавало практично невозможно остварување на каков и да е бизнис со брендови.

Милиони Германци од средната класа потонале поради инфлацијата. Тие се чувствувале оштетени и измамени од десната политика што подготвува една плодна почва за доаѓањето на Хитлер. Работници погодени од инфлацијата, најчесто се вртеле кон комунизмот.

На 16 ноември 1923 година влегува во сила нова валута “рентенмарка”, која сечела 12 нули од цените.

По влегувањето на пазарот во Вајмарската република цените на стоките стануваат стабилни – нешто што граѓаните го прифаќаат како чудо.

При размената рентенмарката била еднаква на еден трилион од старите марки и имала менувачката вредност 4.2 рентенмарки за еден долар, што било страшен напрадок.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.