Како водата ги брише темните кругови околу очите?

Објавено: 8 јануари, 2016, во 07:25 часот

Темните кругови и подочниците можат да бидат резултат на генетика, замор, стрес, недостаток на сон, стареење, пиење премногу алкохол, пушење и лошите навики во исхраната.

Најверојатно сте слушнале дека со пиење на доволни количини вода може да се намали потеченоста и темните кругови, а ќе ви откриеме и зошто.

 

Водата помага за ослободување на токсините од телото, а со тоа се намалува и концентрацијата на сол. Ако сте јаделе претходниот ден солена храна, големи се шансите се дека ќе се разбудите со потечени и темни кругови околу очите.

Топлата вода е многу подобар избор од студената. Ќе го поттикне исфрлањето на токсините, а со тоа ќе се овозможи и чистење на целото тело, вклучувајќи ја и кожата. Кога телото ќе се исчисти од токсините и вашата кожа ќе блесне, што ќе резултира со поздрав и посјаен изглед без отеченост и темни кругови.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.