Откриен цел камион со мигранти кај Куманово

Објавено: 9 јануари, 2016, во 14:45 часот

Камион наполнет со 34 лица вчера околу 11 часот бил откриен на стариот патен правец Скопје – Куманово кај селото Орланце, пренесе Телевизија 21.

Постапувајќи по претходна пријава од граѓани, во камионот биле откриени вкупно 34 лица, меѓу кои и жени и деца, од кои 16 лица биле државјани на Ирак, а бидејќи се со статус бегалци веднаш биле пренесени во кампот на Табановце.

Возачот на камионот го оставил своето возило и побегнал, а полицијата е во потрага по истиот.

Видео материјалот погледнете го на овој линк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.