Поранешниот евроамбасадор Фуере и годинава на Водици во Охрид

Објавено: 18 јануари, 2016, во 15:50 часот

Поранешниот амбасадор на Европската унија (ЕУ) во Македонија, Ерван Фуере, не ја напушта својата практика и своевидна лична традиција, за празникот Богојавление – Водици да биде гостин во Охрид.

И оваа година поранешниот амбасадор на ЕУ ќе биде дел од атрактивната манифестација, исполнета со бројни активности.

Фуере неколку години, освен што присуствуваше за Водици во Охрид, активно учествуваше и во пливањето до бурињата со вино и со ракија за Денот на рибарите кој се одбележува на 20 јануари. Тој неколкупати прв доплива до дрвеното буре со македонско црвено вино.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.