Ана Ивановиќ и Швајнштајгер ја блокираа Венеција, сè е подготвено за свадбата
Објавено: 12 јули, 2016, во 07:19 часот
Српската тенисеркa Ана Ивановиќ и германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер пристигнаа во Венеција, кадешто утре во луксузниот хотел „Аман канал гранде“ ќе го изговорат судбоносното „да“.
До крајот на денот во Италија ќе пристигнат и сватовите за да бидат одморени за утрешната свадбена церемонија.
Како што дознава српски „Ало!, Ана и Бастијан резервирале луксузен апартман, а во него ќе ја поминат и првата брачна ноќ. Идните младенци се сместени во хотелот кадешто ќе се венчаат, додека гостите се распоредени по околните хотели. До местото на венчавката, гостите ќе бидат превезувани со гондоли, бидејќи хотелот од сите страни е опкружен со вода.
– Ана и Бастијан ќе се венчаат во прекрасниот двор на луксузниот хотел од кој се пружа поглед на лагуната, после што гостите ќе се преместат во салата на хотелот, во која собира 150 луѓе. Хотелот има сопствени гондоли во кои гостите ќе пристигнат до местото на венчавката, додека приватното пристаниште на хотелот обезбедува младенците да не ги фотографираат новинарите. Организаторите на венчавката пристигнале од Лондон уште во текот на викендо и со денови работат на уредување на ентериерот, балконите и пагодите, под кои спортската двојка ќе се венча под ведро небо. По протоколот кој невестата го барала нејзе до олтарот би требало да ја однесе татко ѝ, а Ана планира да го промени презимето – изјавил извор близок на тенисерката за „Ало!“
По венчавката, младенците ќе останат неколку дена во Венеција со неколку пријатели, а потоа ќе одат во својот нов дом во Англија. Вилата која Бастијан ја пазарел се наоѓа во златниот триаголник на Чешир, кадешто живеат најголемите ѕвезди на џет-сетот.
Извор: Плусинфо.мк
