Поранешната премиерка на Нов Зеланд – кандидат за генерален секретар на ОН

Објавено: 5 април, 2016, во 08:01 часот

Поранешниот премиер на Нов Зеланд, Хелен Кларк и официјално поднесе кандидира за нов генерален секретар на ОН.

Промоцијата на нејзината кандидатура ја изврши актуелниот новозеландски премиер Џон Ки, на прес-конференција во главниот град, Велингтон.

Според Ки, девете години на Кларк како премиер на земјата и сегашните седум години на функцијата раководител на Програмата на ОН за развој (УНДП), ја прават „квалификувана и способена за функцијата за која се кандидира“.

Мандатот на сегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун истркува во декември оваа година.

Покрај Кларк, досега се кандидирани уште три други жени, како и четворица мажи.

Во досегашната историја на ОН, имало девет генералени секретари, но сите тие биле мажи.

Во интервју за Би-Би-Си, Кларк изјави дека доколку биде избрана ќе настојува да се изврши реформа на Советот за безбедност на ОН, со внесувањето на Гермнија, Јапонија, Индија и Бразил како постојани членки.

Таа смета дека за да се прикаже новата геополитичка реалност во светот, во Советот за безбедност би требало да има и две африкански земји како постојани членки.

– Сегашниот Совет за безбедност ја одразува геополитиката од 1945 година. Јас сакам Советот да ја одразува ситуацијата на 21 век, изјави Кларк за Би-Би-Си.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.